Исплатени над 152 милиона денари на сметките на 6,755 сточари

На сметките на 6 755 сточари се префрлени повеќе од 152 милиона денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза, соопшти денеска Платежната агенција.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, средствата од оваа мерка се свеж капитал што треба да им помогне на сточарите да ја обезбедат потребната количина храна за презимување на стоката.

-Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со „Ковид 19“ уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна. Владата, Агенцијата и Министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација, со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи, но и за извоз, вели Бабовски.

Тој потенцира дека ќе продолжи навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои законски стекнале право за добивање финансиска поддршка во земјоделството.

-Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ, порачува директорот Бабовски.

Back to top button
Close