Испочитувани се сите закони во државата, вели претседателот на здружението „Цар Борис Трети“

Здружението ги има испочитувано сите законски регулативи во државата и нема направено никаков прекршок, вели во изјава за медиумите претседателот на „Цар Борис Трети“, Томе Блажески.

-Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е отворено пред една година со сите документи, со целa почит кон државата, институциите и законите. Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо – кажа Блажевски, денеска пред медиумите по неговото отворање во Охрид.

За протестот против отворањето, Блажевски вели дека, тоа е граѓанско право и дека не можат да запрат никој.

– Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Не сме провоцирале некој. Како што кажав, се се исполитизира и тоа е, изјави Блажевски.

Блажевски, нагласи дека од отворањето на здружението пред една година се било нормално и никој не ги стопирал или забранил.

– Последнава, скоро една година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле. Нашето е, како што кажав, само почитувачи и само го избравме ликот на цар Борис како еден бугарски цар и тоа беше се, изјави Блажевски.

Според него, тие не направиле никаков прекршок и ги запазиле сите закони.

-Ние доколку нешто сме згрешиле, се извинуваме на целата јавност. Не направивме никаков прекршок, ги запазивме сите закони со целиот почит кон државата Република Македонија, кон Македонците. Немаме никаков проблем засега, меѓутоа како што кажав се исполитизира многу работата и се надеваме да си биде се во ред, изјави Блажевски

Back to top button
Close