Исповед на војник од Северна Кореја: Ни рекоа дека одиме на обука, а нѐ испратија во војна
Во видео кое вчера го објави Владимир Зеленски, заробен севернокорејски војник раскажа дека не знаел дека ќе војува со Украина, туку бил информиран дека е дел од воена вежба.
Според информации кои ги пренесе Гардијан животите на овие борци очигледно се од второстепена важност за русите, па на војниците на диктаторот Ким Џонг ун им е наредено да се разнесат доколку бидат заробени.
„Особено е важно да се забележи дека белешките пронајдени на починатите војници сугерираат дека севернокорејските власти вршеле притисок врз нив да извршат самоубиство или да се разнесат пред нивното апсење“, рече јужнокорејскиот пратеник Ли Сеонг Квеун по брифингот на тајната служба, krone.at.
Според него, околу 3.000 севернокорејски војници се убиени, а 2.700 се повредени откако беа распоредени во Русија на крајот на минатата година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за размена на затвореници, но дека има „веројатно други опции“ за борците на рускиот сојузник.
Двајца од затворениците не знаеле дека ќе треба да одат во војна за Русија. Еден од севернокорејските војници објаснил дека командантите му рекле дека тоа е „само обука“.
Се известува дека еден од нив на сослушувањето изјавил дека сака да се врати во татковината, додека другиот повеќе би сакал да остане во Украина. Сепак, тој додал дека ќе се врати во Северна Кореја „ако треба“.