Испраќаме уште еден херој – Филип Ивановски излегол на време, но се вратил во огнот за да спаси другарка
Во трагедијата во Кочани загина и младиот Филип Ивановски.
Младото момче било меѓу првите кои успеале да избегаат од чадот и пламените јазици, но одлучил да се врати назад по своја другарка.
– Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните. Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе. Последното испраќање со Филипче ќе биде утре (четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола – Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“ – сподели пријател на неговото семејство