Испумпани 10 милијарди денари со фиктивни договори

Неофицијално, од извори во истражните активности, се дознава дека биле испумпани околу 10 милијарди денари преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за
Со акцијата се опфатени поранешениот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е бегство и досега е недостапен за органите на прогонот и во истрагата за предметот „Адитив“, потоа сопствениците на „РКМ“ – Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол”, уште еден поранешен директор на ЕСМ, поранешна директорка за финансиски работи на АД ЕСМ, секторска директорка и други службени лица поврзани со набавките.
Отпадно масло, а не мазут
Ратко Капушевски (39) не е непознато име во сферата што сега ја истражуваат надлежните институции. Како што објавуваше Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ, дел од мазутот кој РКМ го набавила во 2023 година бил купен од ХИФА Оил од Босна и Херцеговина. Документарниот филм на ИРЛ „Заговор против воздухот“ објавен во 2021 година, откри дека босанската компанија продавала загадувачко масло кое завршило за загревање на болниците во Северна Македонија. По објавата на документарниот филм следеа серија инспекциски контроли за квалитетот на мазутот, кои констатираа дека станува збор за тешко отпадно масло, а не мазут.
Според ИРЛ, Капушевски во најмалку два наврата бил фатен како увезува или се обидува да увезе лажно деклариран мазут во Македонија. Првата таква пратка, која доаѓала од Германија, била фатена од страна на хрватските цариници на граничниот премин со Србија, кога тие се посомневале во документацијата што била приложена. Испитувањата на хрватскиот Инспекторат за животна средина покажале дека станува збор за токсичен отпад и дека тарифните броеви биле погрешни. Вториот пат мазут на оваа компанија, кој доаѓал од Словачка, бил испитуван од македонскиот Државен пазарен инспекторат. Анализите покажале дека станува збор за токсичен отпад, а не мазут.

Регулаторната комисија му ја одзела лиценцата во 2021 година по објавата на филмот „Заговор против воздухот“, но му ја вратила кога ги отстранил недостатоците. Набрзо потоа РКМ и ЕСМ склучија два договора, со вкупна вредност од над 112 милиони евра – првиот на 3-ти декември 2021 година, вториот на 18-ти февруари 2022 година за набавка на мазут, во време кога ТЕЦ „Неготино“ стана „ладната резерва“ со која Владата и ЕСМ се обидуваа да ја стабилизираат енергетската криза.
За само три години – меѓу лидерите во регионот
Друштвото за производство, трговија и услуги РКМ Скопје е формирано во дејност трговија на големо со енергенси и нафтени деривати во 2019 година. Но само по три години се пофали дека станало еден од лидерите во регионот.
„Иако млада компанија, за само 3 години од своето формирање, во 2021 година веќе се вбројува меѓу компаниите – лидери во регионот за продажба и дистрибуција на Мазут М1 HC“, пишува на веб страницата на РКМ.
„РКМ има цврсто поставени релации со нафтени компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија каде сме сериозен добавувач на термоелектрани и производствени капацитети. РКМ соработува со добавувачи и рафинерии од Грција, Бугарија, Словачка и Германија. РКМ Скопје функционира во склад со добрите корпоративни навики и во текот на своето постоење, согласно можностите, дел од профитот го алоцира за донации кон оние на кои им е најпотребно“, објави компанијата.

Благодарен на Груевски
Претходното искуство на Капушевски воопшто не е поврзано со дејност во оваа сфера, туку било партиски трасирано. Кога Никола Груевски замина од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, Капушевски на социјалните мрежи му се заблагодари што на 22 години го поставил за „историски најмладиот директор на Националната Агенција за образовни програми и мобилност, за шеф на кабинет на општина Центар, па за директор на Спортскиот центар Борис Трајковски” (во 2010 година – н.з.).
Како се одвивал неговиот успех во сегашниот бизнис, ќе покаже истрагата. Од компанијата се пофалија дека „нивниот тим располага со одговорни и рационални кариеристи кои се професионалци во областа во која работат”.
„РКМ има цврсто поставени реалции со нафтени компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија каде сме сериозен добавувач на термоелектрани и производствени капацитети. РКМ соработува со добавувачи и рафинерии од Грција, Бугарија, Словачка и Германија. РКМ Скопје функционира во склад со добрите корпоративни навики и во текот на своето постоење, согласно можностите, дел од профитот го алоцира за донации кон оние на кои им е најпотребно”, пишува на веб страницата на РКМ. (Dw)