Истече рокот за самокандидирање во СДСМ: Четворица се пријавија на изборите за наследник на Заев

Фросина Ременски, Димитар Ковачевски, Властимир Алексовски и Јован Деспотовски се четворицата кандидати кои го меркаат лидерското место на Зоран Заев во СДСМ. Рокот на пријавување заврши попладнево во 16 часот, а од партијата за „360 степени“ потврдија дека дотогаш не се пријавиле нови кандидати, освен четворица за кои поединечно информираа изминативе денови.
Според најавите, утре Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кои ги исполнуваат критериумите.
Раководството на партијата минатиот петок и официјално донесе одлука да се распишат вонредни избори за претседател, откако Заев ја најави неговата оставка уште изборната ноќ на 31 октомври, кога се одржа вториот круг од локалните избори. Тогаш Заев најави повлекување и од премиерската позиција. Непосредните избори за лидер ќе се одржат на 12 декември.
Enter

Aco

Истече рокот за самокандидирање во СДСМ: Четворица се пријавија на изборите за наследник на Зае

Back to top button
Close