Истекува рокот за потпишување спогодби за ретроактивна исплата на зголемените ученички и студентски стипендии

Учениците и студентите кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата дека треба да ги потпишат спогодбите и да ги достават до Министерството најдоцна до денеска.

Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии заради нивното изедначување од моментот на зголемување на стипендиите до потпишувањето на анексот кон договорот за стипендија. За студентите исплатата ќе се врши на три рати, и тоа прва рата за 4 месеци до крајот на 2023 година, втора рата за 5 месеци и трета рата за 6 месеци заклучно со 30.6.2024 година. За учениците исплатата ќе се изврши одеднаш за сите месеци – информираат од Министерството за образование и наука.

Од Министерството додаваат дека спогодбите можат да ги потпишат само оние ученици и студенти кои претходно потпишале анекс на договорот за стипендијата.

Back to top button
Close