Источноевропејци од германската кланица со 1.300 заразени заминале во своите земји

Вработени во „Tенис“, најголемата германска кланица која стана жариште на коронавирусот, отпатувале во своите татковини пред да се прогласи карантин во округот каде што се наоѓа компанијата.

Ова го јави агенцијата ДПА која цитира извори од округот каде што се наоѓа кланицата кои сведочеле дека дел од вработените, претежно од Источна Европа, меѓу кои многу Полјаци, Романци и Бугари, ја напуштиле областа.

Не е познато колкав дел од повеќе од 6.500 вработени во „Тенис“ си заминале во своите земји.

Во кланицата работат луѓе од над 87 земни, најмногу од Романија и Полска. Во исто време, од сите странски работници, околу една третина се во Германија со своите семејства.

Во кланицата до сега има најмалку 1.331 заразени со коронавирусот.

Back to top button
Close