Путин: Европа брзо ќе ја „подвие опашката“ пред Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, многу брзо ќе воспостави ред и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ги свијат опашките“.

-Ве уверувам, Трамп, со својот карактер, со својата упорност… Доста брзо ќе воспостави ред таму. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе ги свијат опашките, рече Путин во интервју за каналот Телеграм на новинарот Павел Зарубин, пренесе Вм.ру.

Тој додаде дека наскоро се ќе си дојде на свое место.

 

Back to top button
Close