Историски договор во врска со оданочувањето на мултинационалните компании

Групацијата Г7, која се состои од најголемите економии во светот, постигна историски договор во врска со оданочувањето на мултинационалните компании, изјави британскиот канцелар за финансии, Риши Сунак, пренесува Би-би-си.

На состанокот во Лондон, министрите за финансии се согласија да се посветат на принципот на минимална стапка на данок на добивка од 15 проценти.

Технолошките гиганти како Амазон и Гугл би можеле да бидат меѓу компаниите што ќе го погодат овој данок.

Овој потег може да обезбеди милијарди долари на владите, кои можат да ги отплатат долговите направени за време на кризата.

Договорот меѓу САД, Велика Британија, Германија, Канада, Италија и Јапонија ќе изврши притисок врз другите земји да го следат овој пример, вклучително и учесниците на состанокот на Г-20, што ќе се одржи следниот месец.

Сунак истакна дека договорот е дизајниран да создаде еднакви услови за глобални компании.

„По повеќегодишна дискусија, министрите од Г7 постигнаа историски договор за реформа на глобалниот даночен систем за да го направат погоден за глобалното дигитално време“, додаде тој.

Back to top button
Close