ИСТОРИСКО ИЗВЕШТАЈЧЕ

м-р. Глигор Стоименов
По историските победи како што веќе најавивме ќе дојдат нови историски порази за сите нас, тоа веќе го гледаме и сме го гледале.
Она што не сме го гледале до сега е оној помпезен настан и она “свечено дефиле“ за почеток на чистење на скопските улици претставено од целиот државен врв, ете до сега вакво нешто не сме виделе! Не знам само зошто немаше покането и високи претставници од дипломатскиот кор во земјата да присуствуваат на овој “свечен чин“. Наеднаш се извадија стари камиони, се мобилизираа луѓе, се прави еден невиден пи-ар, па сега секој обичен човек може да си постави само едно логично прашање, кој до сега изминативе две години го попречуваше сето ова да се направи? Па истите тие на кои им требаше оваа “свечена приредба“! Толку за ова.
Подолго време ме мачи едно прашање на кое немам одговор, се прашувам што сме згрешиле толку? Ова е навистина “историски хендикеп“ за нашата земја, во периодот на вакви турбулентни и неизвесни времиња во светската политика да ја имате оваа влада и најслабиот претседател на државата до сега. Но воедно и влада со најголем рејтинг меѓу народот што впрочем покажаа и последните избори, какви чудни времиња човече. Без никакви забележителни економски резултати, без никакви политички одлуки, една политика “без политика“ како што се вели во теоријата, доведена е во прашање европската перспектива на земјата, а тие сепак победија!
Но добро демократијата понекогаш е сурова и таа со право не е “најидеалниот“ политички систем туку го носи епитетот на “најмалку лош“ политички систем. Да, точно е, околу 300 илјади гласачи, доминатно партиски членови и клиенти наспрам милион и половина останати, одлучуваат за судбината на оваа земја. Но такви се демократските правила.
Ајде да тргнеме по ред.
Деновиве ни беше презентиран Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во изминатата година. Наводите во Извештајот на ЕУ во многу области се поразителни и воедно ова е еден од најлошите извештаи на ЕУ за нас. Работава е буквално “седи недоволен 1“! Сега нема да ги анализираме овде сите работи, оние слаби оценки во сите области, но останува да лебди онаа констатација на Еврокомесарот за проширување Марта Кос која во една реченица ни кажа се, “Македонија не покажа решителни чекори кон ЕУ интеграцијата во изминатата година“. Сега веќе нема оправдување, виновникот за ова е јасно посочен со име и презиме. Но овие од ЕУ како да не разбираат дека на Македонците многу им е гајле за ова “извештајче“, па се трудат гледам и со некои помеки дипломатски реченици да не охрабрат како понатаму да продолжиме. Го слушам министерот за надворешни работи и премиерот како велат дека добивме највисоки оценки во И






