Истрага ќе покаже како дошло до повредите кај четириготишното девојче од Струмица

Случајот со четиригодишното девојче кое со инфицирани рани и скршени ребра на 17 јануари е донесено во струмичката општа болница, веднаш бил пријавен во полиција, потврдуваат од СВР Струмица, пренесе Телма.

Поради тешката состојба во која се наоѓало девојчето, истиот ден е префрлено на клиниките Мајка Тереза во Скопје. СВР вели дека по прегледот било констатирано дека детето е физички нападнато, па за настанот информирале и инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар.

Мајката тврдела дека детето е нападнато од куче, но директорката на детската клиника во Скопје вели дека информиран е и јавен обвинител од основното јавно обвинителство во Струмица кој веднаш повикал судски вештак.

Истрагата треба да покаже како точно настанале повредите кај девојчето, и дали изјавата на мајката е веродостојна

Back to top button
Close