Истрага на ОЈО: Мајка и сестра на девојка со посебни потреби ја продавале за сексуални услуги
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за кривично дело трговија со луѓе.
Од декември 2021 година до април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на жртвата – ја продавале за сексуални услуги девојката која имала ментална неспособност. Првиот и вториот осомничен сексуално ја злоупотребувале жртвата и ја продавале на непознати лица, за што мајката и сестрата на жртвата добивале пари или друга корист, велат од Обвинителството
Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба. Воедно, постои основано сомневање, доколку осомничените бидат на слобода, дека можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, Обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.