Истражителите ги побарале мобилните на Муареми, тој рекол дека ги изгубил, вели Русковска

Обвинителката Вилма Русковска не знае од кои причини поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми ја поднел кривичната пријава против неа, поради која беше суспендирана од раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Имаше наредба за личен претрес на Арафат Муареми, односно за одземање на неговите мобилни телефони. Кога истражителите отидоа во Финансиската полиција, тој не беше на работа. Потоа му се јавија да дојде и да ги донесе мобилните телефони, но ги немаше. Кога го прашаа каде се, одговори дека ги изгубил или не знае каде се. Земен е лаптоп и не се сеќавам уште што и направен е список на предмети кои треба да ни бидат доставени – рече Русковска на Телма.

Против Муареми, како што истакна Русковска, била поднесена анонимна кривична пријава за што Обвинителството морало да го земе предметот за да изврши проверка на наводите.

Back to top button
Close