Истражување: Апликациите за запознавање нема да ја уништат љубовта

Љубовта ќе ги освои сите – дури и сцената со апликациите за запознавање. Наспроти прогнозите дека апликациите за запознавање ќе ги направат љубовните односи да се претворат во необврзувачка комоција, истражувачите од Универзитетот во Женева откриле дека дигиталните алатки за запознавање всушност формираат поразновидни двојки отколку самци кои се среќаваат надвор од мрежите.
„Интернетот длабоко ја трансформираше динамиката за тоа како луѓето се запознаваат“, објасни авторка Џина Потарка, истражувач на Институтот за демографија и социоекономија на Универзитетот во Женева, во изјавата за спроведеното истражување. „Интернетот обезбедува невидено изобилство на можности за состаноци и вклучува минимален напор и никаква интервенција од трета страна“.
Резултатите од ова истражување можат да помогнат да се расчисти дел од социјалната стигма околу користењето на алатките за дигитално запознавање.
„Знаејќи дека апликациите за запознавање најверојатно станаа уште попопуларни во текот на последниот период на кога бевме на социјално растојание, факт е дека треба да се отргнат алармантните грижи за долгорочните ефекти од користењето на овие алатки“, додаде Потарка.
Целосното истражување погледнете го на официјалната веб страница Институтот за демографија и социоекономија.






