Истражување: Ковид-19 бил присутен во САД пред пријавувањето на првите случаи во Вухан

Според најново истражување, коронавирусот бил присутен во САД пред да се појават првите случаи во Вухан, Кина, кој досега се сметаше за извор на вирусот, пренесува „Нашнл Пост“.

Ова е заклучено врз основа на истражување на примероци од 7.389 донатори собрани во девет американски држави во периодот од 13 декември до 17 јануари, од кои вирусот е откриен во 106 случаи, пренесува порталот „Нашнл Пост“.

Примероците биле собрани од страна на американскиот Црвен крст и предадени на Центрот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за да се утврди присуството на вирусот, посочува „Форбс“.

Се наведува дека ова откритие може повторно да го покрене прашањето за потеклото на вирусот.

Според „Волстрит журнал“, ова откритие укажува на тоа дека вирусот се ширел низ целиот свет многу пред здравствените и научните работници да станат свесни за тоа.

Истражувањето е објавено и во списанието Клинички инфективни болести.

Back to top button
Close