Истражување: Научници од Велика Британија ја открија тајната за мирисот на египетските мумии
Tим научници од Универзитетот во Бристол, развил нова, неинвазивна метода за анализа на мирисот на древни египетски мумии. Со тоа, тие успеале да откријат хемиски траги од процесот на балзамирање без да ги оштетат вредните примероци.

„За разлика од старите методи, кои вклучувале сечење делови од завоите за хемиска анализа, истражувачите сега ги испитувале испарувањата на органските соединенија (VOC) во воздухот, околу мумиите“, пренесе научниот портал Сајенс Аларт (Science Alert).
Научниците анализирале 35 примероци од 19 мумии, од периодот 2000 п.н.е. до 295 н.е., од музеи во Европа и Велика Британија. По направените испитувања, увиделе дека биле користени зачини и ароматични смоли – не само за прикривање непријатни мириси, туку и за заштита на телата од штетници и микроорганизми. Тие користеле методи на гасна хроматографија и спектрометрија беа идентификувани масти, восоци, растителни смоли и битумен. Резултатите покажале дека рецептурите се менувале низ вековите: едноставни мешавини во раните периоди, а подоцна поскапи состојки како масла од бор, смрека и кедар. Тие нагласуваат дека оваа минимално инвазивна метода овозможува брзо и безбедно утврдување на староста на мумиите, без да се наруши интегритетот на археолошките примероци.






