Истражување: Речиси 24 отсто од жителите на Њу Делхи заразени со коронавирус

Според најновите податоци, досега во Њу Делхи се пријавени 125.096 случаи на заразени со вирусот, што е помалку од 1 отсто од нејзината популација. Со околу 16,78 милиони луѓе кои живеат во Њу Делхи, според серолошките тестови, од коронавирусот се заразени околу четири милиони.

Њу Делхи е најтешко погодениот град од коронавирус во Индија, иако пандемијата се шири многу брзо и во другите делови на земјата. Во последните 24 часа, во Индија се пријавени 37.724 нови случаи на заразени со коронавирус.

Индија, со повеќе од 1,19 милиони случаи, е трета земја во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Back to top button
Close