Истражување за безбедноста на државите: Македонија е на 40-то место во светот

Исланд е оценета за најмирна земја во светот во 2020 година, според податоците објавени во истражувањето на „Global Peace Index“, позиција кој ја држи од 2008 година, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

Авганистан се уште е најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се наоѓаат во Европа, што го прави тој континент најбезбеден регион во светот.

Босна и Херцеговина се наоѓа на 72-то место, што е подобрување за две места во споредба со претходното истражување.

Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17-то место. Северна Македонија е на 40-то место, Србија на 44-то, Албанија на 48-то, Црна Гора на 51-то и Косово на 80-то место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.

Back to top button
Close