Истрели во Долна Матка, пронајдени седум чаури

Министерството за внатрешни работи информира дека, попладнево околу 16 часот анонимно лице пријавило дека во селото Долна Матка во близина на полициското одделение Сарај, на кејот на реката Треска засега непознати лица пукале со огнено оружје.

На лице место од страна на полициски службеници констатирано е дека лицата имале испукано со огнено оружје во непознат правец, по што со возило со непознати регистарски таблички заминале.

Според информациите од полицијата на лице место пронајдени се 6-7 чаури кои ќе бидат предадени на понатамошно вештачење. Полицијата работи на расчитување на случајот.

Back to top button
Close