Италија „го гледа“ Гвардиола како следен селектор

Фудбалската репрезентација по третпат не е учесник на Светско првенство, а сето тоа е најава за многу промени на водечките позиции. Се очекува оставка на претседателот на федерацијата Габриел Гравина, а секако заминување ќе има и на селекторот Џенаро Гатузо.

Според „Газета дело спорт“ за позицијата на Гатузо најсериозни кандидати се: Роберто Манчини и Антонио Конте. Манчини го знае притисокот особено што Италија под негово водство стана европски шампион во 2021 година.

Сепак истиот извор смета дека и странец е опција за селекторската позиција, а тука во преден план е Пеп Гвардиола.

Неговиот договор со Манчестер Сити истекува следното лето, но не е исклучено Шпанецот да си замине и летово.

Од друга страна се поставува и прашањето дали Гвардиола ќе прифати да биде дел од репрезентативниот фудбал.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close