Италија и Словенија ја продолжуваат вакцинацијата со АстраЗенека

Словенија и Италија од утре ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во кој се проценува дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.
Италија и Словенија беа меѓу десетината земји кои прекинаа да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку лица кои неодамна биле вакцинирани со вакцината.
Вакцинацијата со таа вакцина ја прекинаа и Германија, Франција и Ирска.