Италија избори полуфинале на Европското првенство во ватерполо

Ватерполистите на Италија изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо откако во директниот дуел од групата ја совладаа Хрватска со 13:10 (3:3; 2:0; 2:4 и 6:3). Во најголемиот дел од натпреварот Италија имаше водство, а Хрватска последен пат изедначи на 8:8 на почетокот на последниот период.

Во последниот натпревар вечерва од 20:30 часот играат Романија и Грција, додека во првиот дуел од денешната програма Грузија ја совлада Турција со 14:11.

Грција го освои првото место во групата Ф, пред Италија, додека Хрватска е трета.

Во групата Е Србија го освои првото место, пред Унгарија воедно овие две селекции изборија полуфинале.

Во полуфиналето во петок од 17 часот ќе играат: Грција – Унгарија, додека Србија за ривал ја има селекцијата на Италија, а почетокот на дуелот е во 20:30 часот.

Back to top button
Close