Италија, Шпанија, Франција и Холандија испраќаат поморски сили за заштита на Кипар
Италија, Шпанија, Франција и Холандија ќе испратат поморски сили за заштита на Кипар во наредните денови, изјави денес пред парламентот италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Италијанскиот премиер Џорџија Мелони изјави денес дека земјата планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Заливот како одговор на иранските воздушни напади, истакнувајќи ги загриженостите за безбедноста на италијанските граѓани и војници, како и за енергетската безбедност на регионот.
„Како и Обединетото Кралство, Франција и Германија, Италија има намера да им обезбеди помош на земјите од Заливот, особено во областа на воздушната одбрана. Ова се луѓе што ги сакаме и мора да ги заштитиме“, изјави Мелони за радио RTL, истакнувајќи дека десетици илјади италијански граѓани се во регионот и околу 2.000 италијански војници се распоредени во Заливот.
База на британските кралски воздухопловни сили на Кипар беше цел на напад со беспилотни летала од иранско производство во понеделник






