Италијанки протестираа во Рим, сакаат да се мажат без рестрикции

Група млади жени, облечени во венчаници, денеска протестираа во Рим против рестриктивните мерки со кои се забрануваат големите верски собири, како свадбите, на пример, пишува Си-Ен-Ен.

Протестот го организираше италијанското здружение за венчавки, а во него се вклучија околу 15 жени. Тие се собраа околу познатата „Фонтана Ди Треви“ каде позираа во венчаниците и носеа транспаренти на кои беа напишани пароли, како „Свадба без ограничување“. Се појавија и пред италијанскиот парламент, каде им се придружија и луѓето кои се вклучени во организирањето свадби.

Франческа Дел Векио од Неапол изјави дека требало да се мажи во септември, но дека поради рестриктивните мерки морала да ја одложи свадбата за најмалку една година. И додаде дека датумот на свадбата и не е проблем, туку сака, како што кажа, да се омажи без ограничувања.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close