Италијански експерти најавуваат интензивен студ

На почетокот на зимата, европските метеоролошки центри излегуваат со контрастни долгорочни прогнози. Додека популарниот италијански портал iLMeteo алудира на можност за интензивен студ и први снежни бранови кон крајот на ноември и почетокот на декември, Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) предвидува дека температурните отстапувања ќе бидат над просекот.

Според италијанските метеоролози, клучот лежи во однесувањето на Поларниот вртлог – широка циркулација на ладна депресија која се формира околу Северниот Пол, протегајќи се до стратосферата.

 

Ладењето на Арктикот предизвикува пад на атмосферскиот притисок.

Падот на притисокот создава голема разлика меѓу поларните и суптропските зони.

Ова ја интензивира широката циркулација на ладен воздух, позната како поларен вртлог.

Италијанскиот портал пишува дека доколку поларниот вртлог ослабне или се подели на повеќе делови, тоа буквално би го ослободило „заробениот“ студ и би го насочило кон пониски географски широчини, што би можело да предизвика интензивен студ во Европа кон крајот на ноември и почетокот на декември.

Најновите ажурирања од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) се доста скептични кон ваквото сценарио.

Метеоролозите од овој центар сигнализираат дека во наредните четири недели се очекуваат позитивни отстапувања од просечната температура на воздухот во споредба со триесетгодишниот просек, што значи дека студот би можел да биде одложен

Back to top button
Close