Италијански суд конфискува имот вреден над 140 милиони евра од лица обвинети за поврзаност со мафијата Ндрангета

Италијански суд конфискувал имот во Италија и Германија во вредност од над 140 милиони евра од пет мажи активни во индустријата за дистрибуција на нафта, кои биле обвинети за даночна измама и поврзаност со мафијата Ндрангета, соопшти денеска италијанската даночна полиција.

Полицијата на градот Реџо Калабрија соопшти дека пет италијански бизнисмени наводно „управувале со целиот синџир на дистрибуција на нафтени производи од магацини до крајни трговци, посредувајќи преку неколку компании со цел систематско избегнување на даноци“.

Како резултат на тоа, судот заплени 79 имоти и 85 возила во различни делови на Италија, 28 компании за големопродажба на нафта, од кои три се со седиште во Германија, една фарма и една компанија за недвижности, како и четири луксузни часовници и еден милион евра во готово.

Back to top button
Close