Италијанскиот претседател најавил дека ќе ја посети Македонија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва од во Рим се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој му најавил дека до крајот на годината ќе дојде во посета на Македонија.

-Завршивме со билатералната средба претседателот на Италија. Разговаравме и за нашите закочени евроинтеграции. Добивме целосна поддршка дека Италија ќе се заложи процесите да се интензивираат за цел Западен Балкан. Вети дека до крајот на годинава ќе дојде во Северна Македонија, што ќе биде трета посета на италијалнски претседател од независноста. Со Матарила не разговараме директно за проблемот со Софија, рече Пендаровски.

Back to top button
Close