Италијанскиот регион Лигурија за првпат без нови случаи на Ковид-19

Регионот Лигурија во северна Италија, во близина на Ломбардија која беше најтешко погодена од коронавирусот, првпат од почетокот на пандемијата нема нови случаи на зараза.

Според најновите податоци, нема нови смртни случаи, а 18 лица оздравеле.

Регионалните власти соопштија дека податоците потврдуваат позитивен тренд во Лигурија по укинувањето на блокадата воведена поради пандемијата и започнувањето на деловните активности.

Поради вирусот 389 лица се под надзор, а 25 лица болни од Ковид-19 се во болница.

Back to top button
Close