Итен апел од МНР за воздржаност од патувања вп Израел и Катар, 3 амбасади во готовност
Во светло на драматично влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот да бидат крајно внимателни и да постапуваат исклучиво по насоките на локалните власти.
– Ги повикуваме сите наши граѓани кои се наоѓаат во земјите од регионот – особено во Катар, Израел и Обединетите Арапски Емирати – редовно да ги следат официјалните национални портали за итни состојби и да се информираат за евентуални мерки и евакуации – апелираат од МНР.
Воедно, од министерството додаваат дека патувањата во овој дел од светот треба да се одложат.
– Уште еднаш упатуваме јасен апел до сите македонски граѓани да се воздржат од патувања во земјите на Блискиот Исток сè додека не се стабилизира безбедносната состојба – велат од МНР.
Министерството потсетува и дека македонските амбасади во Тел Авив, Доха и Абу Даби се подготвени да им пружат поддршка на сите граѓани кои имаат потреба од информации, логистика или асистенција.