Итна евакуација во украинска мртовечница: При обдукција на војник во телото пронајдена неексплодирана граната
Форензичарите во Черновци преживеале вистинска драма откако при рутинска обдукција на тело на војник, вратено преку размена со Русија, откриле активна експлозивна направа. Како што пренесува „Украинска правда“, обдукцијата била веднаш прекината, а персоналот евакуиран кога форензичарот пронашол неексплодирана граната заглавена во бутот на починатиот.

„Гранатата поминала низ абдоминалната празнина и застанала под кожата на десната бутина“, објаснува Виктор Бачински, раководител на форензичките истражувања. Експерти за деминирање морале итно да интервенираат за да го извлечат и уништат експлозивот. Овој инцидент се случи по последната голема репатријација на 26 февруари, кога во Украина беа вратени телата на илјада загинати војници.






