Иван Илиев со летно хитче “Бестрага”
Младиот пејач Иван Илиев го лансираше во етерот новиот сингл “ Бестрага“. Видео запосот е снимен во соседна Грција,а атрактивната Мила Велевска е главна ѕвезда во спотот.
Немам ништо со девојката,освен професионален ангажман. Кадрите се снимени во Калитеа,Афитос,Атина. Мила е прекрасна девојка и затоа е дел од мојот нов видеозапис“, ни рече Иван.
Спотот е дело на Александар Тасевски и Eye contakct продукција, додека музиката и текстот се на Горјан Стојановски. Песната веќе е хит на Јутјуб каналот.