Ивановска од „Шанса за Центар“ најавува обнова на СРЦ „Кале“: Спортот не смее да биде луксуз

Независната кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од коалицијата „Шанса за Центар“, а поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“, Билјана Ивановска, најавиобнова на Спортско-рекреативниот центар „Кале“, кој, како што рече, е пример за објект кој со децении пропаѓа поради штетни договори и несоодветно управување.

„Ревизорските извештаи бараат Владата да преземе мерки за заштита на државниот имот, а ние како општина ќе се заложиме, заедно со централната власт, ‘Кале’ повторно да се стави во функција и да стане дел од современите содржини за спорт и забава. Средства има, ако приоритетите се постават правилно. Нашата цел е во управувањето да важат нови вредности – грижа за граѓаните, а не профит за поединци и партии“,рече Ивановска на денешната прес-конференција.

Кандидатката за градоначалничка на Центар потенцира дека спортот не смее да биде луксуз и дека тој мора да биде достапен за сите жители, особено за младите. Посочи дека вратите на „Кале“ ќе бидат отворени за училиштата, универзитетите и воопшто за сите граѓани, додавајќи оти Општината ќе обезбеди соодветна опрема.

Покрај Ивановска, за потенцијалот на СРЦ „Кале“ на денешната прес-конференција говореше и носителката на советничката листа за Град Скопје од „Независни заедно“, Јана Белчева-Андреевска.

„Ова е подрачје кое е потенцијал за целиот град. Капацитетот конкретно а овој простор е 3 000 луѓе кои може да учествуваат во спортско-рекреативни активности. Мора да биде приоритет и на градот со општината да може да се возобнови не само како објект туку и како целосно решение за просторот кој ќе им служи на граѓаните и кој нема да биде управуван за тесни интереси или за политичка поделба меѓу малкумина моќници“,порача Белчева-Андреевска. 

Back to top button
Close