Ивановски: Избори веднаш и политичка влада со три приоритети, здравство, финансиска стабилизација и враќање на економски раст

Нема лесен излез од целава ситуација. Едни од најразвиените земји (данска) се соочуваат со висок пад. Тие се на врвот и повеќе го чувствуваат падот. Секоја промена надоле кај нив драматично се одразува.

-Не постои брзо и успешно решение, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор и економски експерт Игор Ивановски.

-Сега ние буквално се бориме да најдеме решение за се. Ова што сега е е многу посериозно од минатите кризи (2007-2009). Секоја динамична економија поставена на сопствени развојни, иновативни и одржливи концепти, полесно ќе се справат со кризата. Но што е успехот во кризава? Ако ние мислиме дека ова е лош филм што ќе трае кратко и дека после два месеци ќе го „одлежиме грипот“ и ќе се вратиме на старо тоа не начин на справување и мораме да менаџираме со последиците и штетите наместо да генерираме очекувања кои пшто се нереални.

-Тоа не значи песимизам, туку генерирање концепт и систем во кој што ќе се препознае дека се знае што се прави, дека има концепт и тој има свој крај, кој што треба полека низ одредени фази да генерира враќање на претходната ситуација и дури потоа да се вратиме на ситуацијата на раст и развој.

-Тука доминантна е економијата на САД. Добро е што вчера таа и де факто и де јуре се отвори и берзите позитивно реагираат, вели Ивановски.

-Мора да сфатиме дека ништо нема да биде како што било порано. Ова до тој степен ќе влијае што промените и новиот начин на функционирање на глобалната и националната економија ќе биде сериозно различен. Тоа ќе биде еволутивен процес, но не е добро да биде радикален. Луѓето ќе се прилагодат, но многу поопасно е ако имаме радикални амплитуди, кои бизнисите нема да можат да го процесуираат. Промените ќе мора да ги креираме и на нив да се прилагодуваме, вели Ивановски.

-Нас ни е потребен интервенционизам, но неможе тоа да биде единствена филозофија на бизнисот, оти на крајот бизнисот подобро знае да ги алоцира ресурсите, отколку ако некој го менаџира. Патем речено тој систем и пропадна. Централното и планското администрирање кое не беше само во социјализмот туку и во други држави не може да биде субститут на пазарот, но во исто време сосема е јасно дека излезот од оваа криза, помеѓу останатите е и интервенционализмот. Сосема е јасно дека економиите сами по себе без директен интервенционализам не може да излезат во некоја ситуација на раст и развој и многу битно ако се изолираат поединечно не можат да го направат истото. Значи нас ќе ни треба комбинација или хибрид од национални и меѓународни решенија, бидејќи степенот на глобализација е толку развиен да не може да се гледаат суверени решенија исто како што нема суверени проблеми, додаде Ивановски.

Разговорот во кој Ивановски ги потенцираше и приоритетите – како изборите, неопходноста од политичка влада со три приоритети, здравството, финансиската стабилизација и враќање на економски раст погледнете го во видеото.

Back to top button
Close