Ивица Коневски: Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ

И Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека е време за промени во ВМРО ДПМНЕ; што, според него, се потврдило и преку последните парламентарни избори.

-Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори.

Повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество.

ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња –  смета тој.

Back to top button
Close