Иво Котевски стана управител на хотелот „Мериот

Иво Котевски, поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи, пренесе Фактор.

Пред две недели Котевски е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски. Тој го потврди својот ангажман, но не сакаше да даде изјава.

Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем имот на поранешниот шеф на тајкната полиција Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Повеќе

Back to top button
Close