ИВЗ: Албанскиот театар за деца и млади не мора да се сели, ама содржините отсега мора да бидат прилагодени на Исламот

Исламската верска заедница потврдува дека од мај годинава е нов сопственик на објектот на Албанскиот театар за деца и млади во Старата скопска чаршија. Од ИВЗ велат дека сопственоста на објектот им била вратена во процес на денационализација, затоа што тој оригинално бил вакаф, односно имот на верската заедница, пишува порталот Pacensure.com.

Скопскиот муфтија Ќенан Исмаили вели дека во интерес на ИВЗ е во зградата да продолжи да работи Албанскиот театар за деца и млади, но и дека отсега, Министерството за култура, кое е надлежно за театарот, треба да се договори со ИВЗ за условите под кои ќе го користи објектот.

„Не знаеме дали Министерството го известило театарот или не. Имавме средба во ријасетот, на којашто детално разговаравме околу начините за соработка“, вели скопскиот муфтија Исмаили.

Директорката на Албанскиот театар за деца и млади, Дијана Тоска, претходно изјави дека не била известена за промената на сопственоста на објектот.

Back to top button
Close