ИВЗ против битолската „Јени џамија“ да биде Музеј
Исламската верска заедница синоќа реагираше по повод отворањето на Музеј на христијанското и исламското културно наследство во Битола.
„Со длабока загриженост ја примивме веста за отворањсто на Јени џамијата во Битола како “Музеј на христијанското и исламското културно паследство”. Неприфатливо е да не се консултира Исламската верска заедница за оваа иницијатива, ниту да се бара согласност за нејзина трансформацијаl
Јени џамијата по Битола била изградена по 1558 година за време на отоманскиот период. Во времето на комунизмот, државата ја заплени и ја претвори најпрвин во магацин, а потоа во уметничка галерија. По прогласувањето на независноста на Македонија а особено по поднесувањето на законот за денационилизација во 1998 година од Собранието на Република Македонија, Исламската верска заедница лоследно и континуирано бара враќање на Јени иамијата и нејзино користење од страна на муслиманските верници на Битола, како место за богослужба.
Реагираше и Салих Мурат пратеник од Европскиот фронт:
„Остро ја осудувам одлуката за претворање на Новата џамија во Битола во таканаречен ‘Музеј на христијанско и исламско културно наследство’.
Според него тоа била незаконска и еднострана одлука која го нарушува уставниот поредок и принципите на верска слобода…
Тој најави дека ова „прашање“ ќе го постави на дневен ред во Собранието