Изјаснувањето на етничката припадност во личните карти да не биде задолжително, предлага СДСМ

Пратеничката Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека СДСМ поднела амандман на Законот за лични карти со кој изјаснувањето на етничка припадност не би било задолжително.

-СДСМ е за тоа законот за лични карти да влезе со собраниска процедура, како што и се случи. Ние имаме три амандмани за предлог законот, од кој едниот е изјаснувањето на етничката припадност на граѓаните во личните карти  да не биде задолжително. Сметаме дека ако е задолжително тогаш таа норма ќе се коси со уставот. Подготвени сме ова да го дискутираме во Собранието, со аргументи, вели Петровска.

Back to top button
Close