Стоилковски: Дали во овие фирми повратот на ДДВ за 4 месеци е поголем од најголемите странски инвестиции во Македонија

Соопштение н ВМРО ДПМНЕ:

Денеска пред македонската јавност ќе отвориме неколку прашања по однос на можен тежок финансиски криминал во кој се вклучени Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии. Се работи за добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски суми.

Ги отвораме и поставуваме следните прашања кои што мора да добијат одговор:

Дали фирмите „Арена метал“, „Џокс премиум“, „Нетком плус“, „Винас текстил“ и „Сакаов транс“ имаат вкупен поврат на ДДВ за само 5 месеци во 2020 година од фантастични 320 милиони денари или 5 милиони и 215 лијади евра?

Дали во овие фирми вкупниот поврат на ДДВ ги надминува сите уплати во трезорот по сите основи?

Дали во овие фирми повратот на ДДВ за 4 месеци е поголем од најголемите странски инвестиции во Македонија иако овие фирми не се извозни односно имаат нула извоз во 2020-тата година?

Дали на пример вкупниот промет на фирмата „Сакаов транс“ за 2019-тата година е околу 850 илјади евра, а повратот на ДДВ за само 4 месеци е поголем од тоа и дали постои фирма во Македонија способна да има толкави залихи.

Дали кај овие фирми УЈП врши контроли и колку се тие контроли веродостојни?

Дали царинската управа може да докаже дека роба во вредност од над 25 милиони евра за само 4 месеци е увезена во Македонија од страна на овие фирми и дали за истата е платена царина?

И финално дали за сите овие фирми се поврзуваат со контроверзниот струмички бизнисмен Ристо Крмзов во чија сопственост е и фамозната „Вила Парк“ омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет?

Имено се работи за пет струмички фирми сите сопственички поврзани. А, според нашите сознанија ова е добро разработен систем на извлекување на пари од буџетот на Македонија и е тешко кривично дело.

Изборот е меѓу обновата која што ја носи ВМРО-ДПМНЕ и измамата која што ја имаме со Зоран Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот ќе ја направи разликата.

Back to top button
Close