Изјава на Јован Митрески, носител на листата на СДСМ во ИЕ 5

 

Денеска ја започнуваме здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за изборите на 15 јули.

Ние од СДСМ и Коалицијата Можеме се грижиме за здравјето на граѓаните и организираме 100% безбедна изборна кампaња по строго утврдени протоколи.

Со гордост ќе ја презентираме понудата која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.

Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство. Им помагаме на компаниите успешно да се справат со кризата и да ги зачуваат работниците.

Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.

Создаваме земја на слободни и одговорни луѓе. Мажи и жени кои говорат различни јазици, веруваат во различни работи, живеат на различни начини, но се согласни дека државата ни припаа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност.

За три години направивме пресврт на подобро, но можеме уште повеќе и уште подобро во наредните 4 години.

Изборот за граѓаните е јасен, на една страна е СДСМ и Коалцицијата Можеме, со модерни и чесни развојни политики, а на другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, кој останува на спротивната страна на интересите на граѓаните и државата

Ја извадивме земјата на прав пат, заедно со граѓаните МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!

СДСМ – Центар за комунијации со јавност

 

Back to top button
Close