Изјава на Заев за случајот со Мијалков во 18:30 часот

„Во 18:30 часот, на платото пред Владата, изјава за медиумите ќе даде премиерот Зоран Заев во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ“, соопштија од Владата.
Претходно Заев го напиша следното на Фејсбук:
После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!
Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков.
Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.






