Изјавата на Мицкоски “Граѓаните ќе ги искинат бугарските пасоши кога ќе станеме дел од ЕУ” во превод гласи: “Далеку е сонцето”

2. Мицкоски е исто беневолентен кон “валутно/социјалното” толкување на земањето пасоши како “живаљевиќ-новинарските бардови” во мандатот на Владата на Груевски особено меѓу 2008-14.
Во тој мандат на ВМРО-ДПМНЕ бројот на Македонци со двојни државјанства “експлодираше” откако беа закочени европските (тогаш и евроатлантските) интеграции.
Излегува дека најдлабокиот удар по македонското етничко ткиво доаѓа во двата владини мандати на партијата што 35 години се самопрогласува за “единствен бранител на македонското единство”,
3. Мицкоски има потреба да инсистира дека “граѓаните ќе ги искинат бугарските пасоши штом влеземе во ЕУ”:
А) За да ја држи во живот тезата дека земањето бугарско државјанство/пасош е “трик” на кој не се сетил никој ниту во Софија ниту во Брисел?
Б) За да им порача на сите Македонци во процедура за бугарски пасош да си ја тераат, па потоа “еден ден” кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ – “се ќе се среди”?
Потценувачки е да се каже само дека ВМРО-ДПМНЕ така ја замислува политиката.
Не, тие само сакаат да ја одржат илузијата дека”трикот не е прочитан” и не ни се враќа “по глава”.
Бидејќи сите знаат дека секој евидентиран Бугарин по државјанство во Софија како таков е евидентиран и во Брисел како ЕУ граѓанин.
Последна илустрација е пописот во Албанија. “Трик-политиката на пасоши” водена од тамошни политичари блиски до ВМРО-ДПМНЕ го намали бројот на Македонци таму за 2/3 во однос на минатиот попис.
Затоа по три дена врева – скопските медиуми ја “задушија” темата.
4. Оваа етно-политичка “Франкенштајн” стратегија е заокружена со пораката на Мицкоски дека и натаму нема намера да ги спроведе уставните реформи кои се обврска на државата изгласана во Собранието.
Со тоа, пораките од 3 А) и 3 Б) всушност се сумирање на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ: ПЈРМ се брани од влез во ЕУ до последен иселен Македонец (со бугарски пасош).
Во таквата “стратегија” албанските пасоши за Албанците од Северна Македонија се добродојдени: Особено откако со запирање на евроинтеграциите на РСМ низ неисполнување на Дополнителниот протокол, Албанија ќе ги продолжи преговорите, а Северна Македонија ќе ја чека Србија.
5. На кусо, Мицкоски денес му одговори на Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Сарацин: Danke Deutschland, Aber Nein.
И Берлин и Париз и Брисел знаат дека ова е порака на Мицкоски (и Вучиќ), но не и на Македонците.
Ивон Величковски

Back to top button
Close