Избегната трагедија во тетовско: Маж скршил прозор од куќа, влегол и го запалил троседот додека две девојки биле внатре, по што настанал пожар

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој може да се крие или да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.

Back to top button
Close