Избирачки одбори на своја рака исфрлиле од употреба фингерпринти

Изборниот молк ќе трае додека се одржува гласањето, а тоа, како што истакна претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, ќе продолжи и по 19 часот, односно се додека не гласаат сите избирачи кои биле затекнати во избирачките места.

Предмалку, Даштевски информираше дека до ДИК се стигнати информации дека на некои гласачки места не се гласа со употреба на апарати за отпечаток од прст по одлука на членовите на избирачките одбори, што, според него, е незаконски.

-Добивме информации дека некои членови на избирачки одбори престанале да гласаат со фингерпринт апаратите. Тоа се незаконски одлуки на тие лица. Сугерираме да продолжат да гласаат со апаратите, во спротивно, гласањето ќе мора да биде поништено, а лицата да бидат санкционирани – истакна Даштевски.

Како што посочи тој, Комисијата нема донесено одлука за гласање без употреба на фингерпринт апарати, освен во шест избирачки места каде е невозможно да се донесе нов апарат.

Всушност, се работи за ИМ 1774 во Ново Село, 1162 во Старо Нагоричане, 2354 во Студеничани, 2942 во Чаир и во две во Чучер Сандево.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close