Избори и гласање

Се уште верувам и сум убеден дека гласањето среде јули има големи шанси да биде неуспешно со мала излезност. И сеуште верувам дека тоа е тендециозно направено за да не успеат изборите од будимпештанската партија. Кампањата од 24 јуни сигурно ќе го покаже тоа.

Временска рамка

Не паметам дека граѓаните на државата гласале некогаш во средината на јули. Македонскиот граѓанин е неповратно  размазен уште од времето на самоуправувањето. Тој е научен два пати годишно да летува и еднаш да зимува. Тој е научен од католичкиот божик,преку новогодишните празници до православниот божик да одмара, јаде и пие и по 8 јануари полека да се отрезнува до Водици. Тоа самоуправљачко право ако треба со нокти ќе го брани. Да не зборуваме за останатите празници среде недела и споени со викендот што доаѓа. 

А целиот свет почнува да работи на 2 јануари. Се сеќавам Македонски телеком кога стана Телеком, завршната сметка беше веќе изработена и затворена на 2 јануари за минатата година. И почнува новата пресметковна година. Ревизорите исто мораа да го потпишат или не, Извештајот. Беше ноќна мора за професионалците. И сега е така. 

Останатиот дел од самоуправниот свет во државата полека се трезнеше од католичките и новогодишните празници и полека се подготвуваше за купување на божиќните гранчиња и палење за православниот божик. И подготовки за зимување и скијање. 

И сега е така. Тоа самоуправљачко право е неприкосновено и тешко некоја влада ќе може да го одземе без декрет. Да не зборуваме за неработните празници среде неделата и нивно спојување. Нормалниот свет затоа изработил план со многу практичен пристап. Се што не е празник од високо државно значење се прогласува за работен и се заменува со bank holiday. Следниот понеделник е неработен. Се во функција да не трпи континуитетот на економијата и функционирањето на државата. Туку, што сум чуден. Тие што одлучуваат нити знаат што е тоа bank holiday, ниту ги интересира. Појма немаат. 

Гласање

Зошто е потребен овој долг увод?  Затоа што граѓанинот треба да гласа практично среде неприкосновеното самоуправљачко летно одмарање. Од први јули скопските гласачи со или без ваучерите во раце сигурно ќе се расеат по туристичките места низ државата. Или по родните места низ државата.  Фали уште Грција и Бугарија да ги отворат границите за нас. Таман. А Скопје е веројатно пола од гласачкото тело. 

Скопјаните избегаа од последниот долг карантин во Скопје и се расееја низ државата. Дали некој сериозно мисли дека сега ќе останат во Скопје заради едно гласање? Или гласачот  ќе се врати од Охрид, Берово, Дојран, Шапка… на еден ден, да гласа и да се врати назад, согласно неговото неприкосновено самоуправљачко летно право? Боже пази!  Се извинувам. Ова не е македонски израз. Ама нема подобар. 

Овој датум за гласање е субверзивен датум. Со единствена цел изборите да не успеат. И повторно да има избори во помирно епидемиско време кога ќе може да се води митингашка кампања со целиот познат декор. Зурли,тапани, верѓини, петокраки, знамиња и урлања во стилот Маќедонија не ја даваме, таа е само наша!!

Но нема назад. Изборите се закажани. Голема среќа е што државата е сериозно покриена со Нетфликс, Амазон прајм Хулу-Мулу…па не мора да ги гледате националните телевизии. Јебо те национални. 

Туку, да се вратиме на проблемот и дали има успешно решение. 

Деташирани гласачки места

За среќа државата нема 250 милиони жители. Има едвај 1.8 милиони гласачко тело. Од тоа номинално гласаат едвај 1.2 милиони гласачи. Но за жал, нема е-гласање, меил гласање и гласање по пошта. Мора лично на изборно место и притоа да ве испрскаат со еден куп хемикалии за да случајно не гласате двапати. 

Убеден сум во практичноста на скандинавските земји. Тие би се запрашале каде е практичното решение за сите што ќе избегаат од Осло во времето за гласање. Ќе одиме по нив! Само да гласаат и да не пропаднат изборите!

Тоа во наши услови би значело сите скопјани кои се во тој момент во Охрид, можат да гласаат на одредено деташирано гласачко место во предвидените три дена за гласање. Тоа важи и за други неколку локации. Доаѓате, кажувате општина ,улица во Скопје, ве прскаат со хемикалии, лична карта на увид и гласате!

Тешко некој може да ме убеди дека тоа практично е неизводливо. Само треба да се одработи. И тоа сериозно да се одработи. А не како оној претседателот на DICK кој 90 дена со рацете во џеб си играше џебен билијард. 

Знаете што? Не е фер за малите и новопојавени партии кои ќе се соочат со расеаност на нивниот мал контингент на гласачи среде летниот период. Ни криви ни должни станаа жртви на резултатот од нелегална средба кај Претседателот на државата. 

Руди Лазаревски

Back to top button
Close