Избори и Kовид-19, фикција или реалност

Ние граѓаните на Република Македонија сме пред големо искушение – пред нас е исправено како непробојна карпа прашањето на животот кој е загрозен од панедмијата на COVID 19, а од друга страна, се отвораат како бездна дилемите околу понатамошното функционирање на државата, економијата…

Токму затоа, повеќе од јасно е дека, е потребно одржување на избори и враќање во функција на извршните органи според политичката волја на граѓаните. Но, прашањето е кога треба да се одржат тие избори за да бидат задоволени условите за безбедност на граѓаните. Не е одноставна одлуката.

Она што, би рекол, е вознемирувачки, е соочувањето одново со нивото на политичката култура и демократските капацитети за аргументирана критичка дебата кај нашите политичари. Уште со не официјално започната кампања, застрашувачки и понижувачки е вокабуларот на сегашните и на идните носители на функции во државава.

Наоколу се разлетуваат само меѓусебни понижувања и навреди меѓу лидерите на двете најсилни партии и нивните следбеници и сопартијци. Тоа е навистина тажна глетка, која говори за отсуство на соодветно образование, но и за отсуство на култура и етичност кои се основа за еден демократски политички амбиент. Конфронтацијата е разбирлива и потребна, но таа треба да вроди со создавање на нови вредности, а не со деградации, доклку е добронамерна и аргументирана.

Можеби и грешам, меѓутоа по моите критериуми во овој век, ваквиот начин на политичко дејствување за мене е навредлив и неприфатлив.

Живееме во 21 век во кој веќе се усвоени многу цивилизациски вредности, меѓусебната почит, толеранција и взаемна човечка поддршка. За жал, тоа кај нас на политичкиот ринг не постои.

Политичките случувања настануваат точно во моментот кога треба да се здружиме во борбата со пандемијата Ковид-19, која е непознаница и за експертите но и за сите нас. Станува збор за вирус кој нема лесно да се искорени, но кој ќе нѐ натера да воспоставиме нови правила на однесување, на живеење. Не е ни прв ни последен пат да се прилагодиме на поинакви општетсвени динамики.

Длабоко сум убеден дека овој смртоносен вирус во неговото издигнување како опасност по човекот, учествува и самиот човек.

Настанатата вонредна состојба, прогласена веќе 2,5 месеци во Република Македонија е нешто невидено во досегашниот мој живот и во животот на многумина од нас, во поновата историја. Овој вирус веќе ги менува нашите општетсвени и комуникативни динамики.

По мене вирусот дали ќе го победи човекот или вирусот ќе биде победен е прашање на имунитетот на секој поединец, но и на степенот на култура – колку се грижиме за себе и колку сме солидарни во однос на другиот.

Реакциите меѓу моите пријатели и соседи, во поглед на оваа вонредна состојба се многу негативни и на крајот се прашувам дали има смисла, дали да чекаме времето да работи за нас како би се нашла вакцина или пак отворено да се спротивставиме на овој вирус.

Во оваа прилика сакам да споменам историски настан во 14-15 век кога чумата харала низ Европа. Податоците за починатите говорат дека 1/3 од популацијата била погодена од оваа заразна болест и починале.

Овој факт говори сам за себе дека човекот не е секогаш подготвен да се справи со сите предизвици по неговиот живот.

За жал тоа ни се случува и денес кога говориме за совршени медицински достигнувања, совршена компјутерска медицинска опрема, каде на годишно ниво оваа фела учествува на многу меѓународни конференции, се со една единствена цел да се делува превентивно.

За жал сите очекувавме да се изнајде серум или вакцина против овој смртоносен вирус. Од друга страна би сакал да поставам една друга дилема дали современата медицина и ние  луѓето потпирајќи се на неа изгубивме дел од нашиот личен имунитет. Останува времето да покаже.

Ова го велам од причина што во последните неколку декади, нема година во која што човекот не прима вакцини против настинка, птичји грип, свински грип, бидејќи сум убеден дека решавајќи еден од проблемите на луѓето се ослабнува имунитетската одбранбена способност на секој поединец.

Гледајќи и од друг агол, еве мое видување за оваа пандемија. Починатите наши сограѓани од оваа пандемија сакале признале или не дефинитивно имале и други здравствени аномалии, а вирусот Ковид-19 само ги дотолчил.

Бројот на починатите мои сограѓани, па и луѓе во светот во истиот овој период од кога се појави оваа пандемија е многу, многу поголем поради други здравствени проблемо, додека вирусот Ковид-19 од сите починати на земјината топка од периодот на неговото појавување е под 1%.

Сигурно се прашувате зошто ова го пишувам кога на многумина од нас ни е јасно!

Почитувани мои читатели, не само ние, целиот свет подпадна под оваа хистерија именувана како Ковид-19 каде се уништи економијата на светско ниво. Нејзиното закрепнување и по решавање на проблемот со Ковид-19 ќе биде многу долго и тешко.

Се најавуваат масовни отпуштања во приватниот сектор… прашувам отворено дали ќе има отпуштање и во администрацијата на Владата на РМ или и таа нова Влада ќе работи на кратење на министерствата, со укинување на министерствата без ресор како и на оптимализација за нејзината функционалност. Ова го пишувам од причина што на многумина од нас ни е чудно што имаме Влада со најмногу министерства, на додаток и министерство без ресор, а уште повеќе и партиски вработувања во јавната администрација, бидејќи истата таа Влада живее на товар на домашното стопанство. Задолжувањата надвор може да се толерираат до одреден степен, не само од наша страна, туку и од страна на заемодавачите.

Иако спаѓам во групата на ризични граѓани од вирусот Ковид-19, моето лично убедување е да се симнат сите санкции и да се посветиме на економијата, секако почитувајќи ги препораките на Светската здравствена организаија.

На крајот би завршил со предвремените парламентарни избори. Верувајте ми мојава колумна има поента, иако за многумина ќе изгледа како „турлитава“ која за мене е најубавото автентично македонско јадење.

Почитувани политичари… седнете и разумно договорете се за предстојните избори, дадете налог веднаш да се прекинат сите карантини и да се посветиме на економијата, зошто ако вирусот нѐ толчи, а не може да не дотолчи, а економијата може да биде со страшни негативни ефекти не само во Република Македонија, туку во целиот свет.

Недостаток на храна, скап живот, опаѓање на животниот стандард и ред други елементи што мора да ги земеме во предвид што не очекуваат. До кога ќе ја држиме главата во песок како што прават ноевите во моментот на опасност по нивниот живот?

Почитувани, животот мора да биде победник, мора да победи разумот над неразумот, мора и понатаму да настојуваме да имаме посигурен, побезбеден живот, но мораме со отворени очи не плашејќи се да се соочиме со сите предизвици кои нас и нашите најблиски нѐ загрозуваат.

Впрочем во самиот наслов вирусот Ковид-19 го идентификував како фикција која го залуде целиот свет. Ваше право е да вие сами си го оформите вашето мислење за сите погоре наведени опасности, а до тогаш останете ми со карантински поздрав и желба за добро здравје на секој поединец.

Трифун Костовски
извор: Инбокс7

Back to top button
Close