Избори во Германија: Ноќта ќе биде долга

Ноќта ќе биде долга, рече во првата реакција по објавувањето на прогнозите за резултатите од изборите генералниот секретар на ЦДУ, Маркус Блуме. СПД смета дека е јасно оти тие треба да состават влада.

„Олаф Шолц треба да биде канцелар“, изјави генералниот секретар на германските социјалдемократи Ларс Клингбајл за телевизијата ЗДФ неколку минути по затворањето на избирачките места. Откако ЗДФ ја објави својата прогноза, според која СПД води пред ЦДУ-ЦСУ со два процента гласови повеќе (СПД 25,8%, ЦДУ/ЦСУ – 24, 2%), тој изрази увереност оти социјалдемократите имаат јасен мандат за составување влада: „Водиме, стигнавме до прво место!“ Во врска со делумно различните прогнози за резултатите од изборите, Клингбајл рече: „Знаевме дека трката ќе биде тесна.“

Според прогнозата на АРД, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) имаат еднаков процент гласови на свое конто (СПД 25%, ЦДУ/ЦСУ – 25%). Генералниот секретар на ЦДУ, Паул Цимијак, оцени: „Ова ќе биде многу долга ноќ“. Цимијак рече дека загубата на гласови е „горчлива“, но смета дека има шанси да се состави коалиција од партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), либералите (ФДП) и Зелените. „За тоа ќе треба да разговараме“, рече генералниот секретар на ЦДУ.

 

Неговиот колега од редовите на помалата сестринска партија, Христијанско-социјалната унија, Маркус Блуме, смета дека успехот на партиите на Унијата е во тоа што спречиле свртување в лево. „Многумина веќе ја имаа отпишано Унијата во последните денови и недели, а ние секогаш велевме дека во финалето ќе биде многу тесно“, рече Блуме за ЗДФ, додавајќи: „И, сега, одеднаш фотофинишот е тука“.

 

Зелените, кои завршија на трета позиција со освоени 15% од гласовите, се со поделени реакции. Шефицата на пратеничката група Катрин Геринг-Екарт изјави: „Се радуваме (за резултатите, н.з.). Ова беше смена на генерации. Иако, очекувавме повеќе“, рече таа

Копретседателот на пратеничката група на Левица, Дитмар Барч, во првата реакија по изборите зборува за разочарување. „Треба да се извлечат заклучоци од ова“, рече Барч за АРД.

Либералите сметаат дека резултатот од изборите значи црвен картон за евентуална црвено-црвено-зелена коалиција (СПД, Левица, Зелени). Според генералниот секретар на ФДП, Фолкер Висинг, резултатот „јасно“ покажува дека Германците не сакаат коалиција од СПД, Левица и Зелените, што, според него, е „добар сигнал од оваа изборна вечер“. Во врска со можни коалиции, Висинг беше воздржан: „Денеска не е момент за да се зборува за коалиција.“

Деснопопулистичката партија Алтерантива за Германија (АфД) е задоволна од постигнатиот резултат. Шпиценкандидатот на АфД, Тино Хрупала, оцени дека резултатот е многу солиден. „Имаме постојано гласачко тело, кое го зацврстивме

Извор: дв

Back to top button
Close