Избори во шпанските региони Галиција и Баскија

 Шпанците денеска гласаат на регионални избори во два северни регион – Галиција и Баскија.

Изборите се одвиваат со почитување на строгите безбедносни мерки, носење маски и одржување на физичка дистанца, со цел да се избегне ширење на новиот коронавирус.

Околу 400 луѓе нема да гласаат бидејќи се позитивни на Ковид-19 и не смеат да ги напуштат домовите.

Врховниот суд на Шпанија ја поддржа одлуката за одржување на избори по жалбите од опозициските партии во Галиција и во Баскија.

Конзервативната Народна партија во Галиција и Националистичката партија во Баскија се надеваат на победа.

Двете регионални Влади планираа изборите да се одржат на 5 април, но поради пандемијата тие беа пролонгирани. Во Шпанија од последици од новиот коронавирус починаа над 28.000 луѓе.

Back to top button
Close