Изборите се како битката кај Ватерло!

Смислата на ограничувањата на времетраењето на официјалните изборни кампањи во различни демократии во светот се сведува на неколку претпоставки кои треба да го обезбедат интегритетот на изборите: да се овозможи неутралност на јавната администрација и државните институции за време на кампањата, да се овозможи слободен пристап до медиумите, да се контролира висината на парите потрошени во кампањата, да се регулираат некои формални аспекти од функционирањето на системот (разни временски ограничени мониторинзи, рокови за пријавувања на кандидати и сл.), да се ограничи датумот до кој може да се објавуваат анкети, а со цел да се овозможи фер третман и пристап на сите оние, партиски и непартиски организирани, кои сакаат да „трчаат“ по некоја изборна функција.

Конечно, во повеќето демократии функционира и она што се нарекува „изборен молк“, барем 24 часа пред денот на гласањето, за бирачите да можат на раат „да си ги средат мислите“ пред да се решат кого (и дали) изборно ќе заокружат.

Тој склоп од прашања, формално, е регулиран и во нашето изборно законодавство. Се разбира, „добрите намери“ на законодавецот ги крши кој како ќе стигне.

На пример, кампањата за овие локални избори е започната со недели, а и месеци, пред воопшто да се стигне до официјалниот почеток на кампањата. Јавноста е опсипана со партиски напади и контра-напади, главно персонално насочени, за потенцијалните и вистинските кандидати за изборите. Опозицијата гаѓа од сите орудија, власта на тоа одговара со широки државни промоции на активности чија цел се локалните изборни математики, а трагедијата со ковид-болницата во Тетово ќе остане како една од потемните дамки во историјата на македонските политички предизборни пресметки, каде судбините на настраданите и преживеаните се во втор план, пред непосредната политичка корист што може да се „извлече“ од тој немил настан.

Голем дел од целата таа предизборна-пред-изборите хистерична врева не може ни да се контролира, дури и кога би имало подготвеност за тоа од партиските штабови, заради постоењето на социјалните мрежи и платформи. Таму предизборната „ледина“ се ора уште од пролет за на есен, без пардон за никого, а навикнавме тамошниот говор на омраза да не ферма ни возраст, ни приватност, ни пол, ни политичко определување, ни бутур, ни усул, во сите достапни аудио-визуелни медиумски формати!

Kолумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close